ХАЕ Македонија потпиша договор за соработка со Меркур Македонија Доо Скопје со што дел од приходот од продажбата на ќеси во продавниците на Меркур ќе биде дониран на нашето здружение за тековни активности во 2014 година. Оваа соработка е прва од ваков вид за здружението ХАЕ Македонија и се надеваме да стане пракса на останатите општествено одговорни компании со цел да се поддржат нашите активности за подигнување на јавната свест за ХАЕ во Македонија кај пошироката популација и надлежните институции за обезбедување терапија на заболените од ХАЕ.
Leave a Reply