Професор, Д-р Весна Гривчева-Пановска од Република Македонија ја доби наградата за Извонредност во медицинско истражување, што секоја година ја доделува International Medis Awards.
Наградата, доделена на 29.11.2018 година, е за генетско мапирање на ХАЕ пациентите во Македонија и се однесува на научни истражувања од кои најголема придобивка имаат пациентите.
Резултат на нејзиното истражување е утврдување на четири сосема нови мутации кои воопшто ги нема во другите земји на регионот. Професорката Гривчева – Пановска смета дека е најдобро да се одреди индивидуализиран третман за пациентите со ова заболување.
Професорката Гривчева – Пановска е долгогодишен професор на Клиниката за дерматовенерологија и алергологија, а од 1984 година почна интензивно да се интересира за проблематиката на хередитарниот ангиоедем (ХАЕ).
Поради тој нејзин интерес, пациентите со ХАЕ добија на своја страна силен соработник кој мошне придонесе и сѐ уште придонесува кон подобрување на квалитетот на нивниот живот во Република Македонија.
Leave a Reply