Хередитарен ангиоедем – ХАЕ е ретко заболување со кое во Македонија се дијагностицирани 17 пациенти од кои 2 деца. Навидум не можете да препознаете дека овие лица имаат некакво заболување со оглед на тоа што кога немаат напад, не се разликуваат по ништо од останатата популација, учат, се дружат, работат, спортуваат… Проблемот е видлив во случај кога се добива т.н. напад односно кога се појавуваат отоци на различни делови од телото, било надворешно манифестирани (дланки, стапала, лице, усни, чело итн.) или пак на внатрешните органи (стомак, дијафрагма, јазик, грло итн.). Постојат индиции дека е можно и отекување на внатрешноста од черепот затоа што има сведочења на пациенти за главоболки, мигрени и епилепсија коишто е можно да се поврзат со ХАЕ.
Leave a Reply