Потпишан договор за соработка со Меркур Македонија Доо Скопје

ХАЕ Македонија потпиша договор за соработка со Меркур Македонија Доо Скопје со што дел од приходот од продажбата на ќеси во продавниците на Меркур ќе биде дониран на нашето здружение за  тековни активности во 2014 година. Оваа соработка е прва … Continue reading

Светска конференција за Хередитарен ангиоедем – ХАЕ во Вашингтон, САД

Во периодот од 16 до 18 мај 2014 година во Вашингтон, САД, се одржа меѓународна конференција за ХАЕ со учество од 450 учесници од 30 земји од целиот свет. На конференцијата свое учество имаа пациенти и/или нивни роднини, доктори, фармацевтски … Continue reading

Посета на претставници од меѓународната организација на пациенти ХАЕ (интернатционал)

Претставниците на меѓународната организација ХАЕ Интернационал (Хередитарен ангиедем), Антони Касталдо, претседател и Хенрик Бојсен, извршен директор, во својата еднодневна посета на 26 август 2013 година остварија средба со директорката на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева – Змејкова.

Едукативна активност во средното медицинско училиште во Штип

Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици и Здружението на граѓани ХАЕ Македонија во соработка со Средното Медицинско Училиште Јане Сандански од Штип организираа едукативно предавање за ретки болести, на 28ми Јуни, 2013, во просториите на училиштето.

Учество на меѓународна средба на пациенти во Франкфурт, Германија

Претставник од ХАЕ Македонија, Наташа Анѓелеска, учествуваше на состанок за здруженија на пациенти со ХАЕ во Франфурт, Германија од 14 – 16 јуни 2013 година. На овој состанок се презентираа активностите на националните здруженија од Европа поканети на состанокот, но … Continue reading