По повод одбележување на светскиот ден на ХАЕ на 18 мај, здружението на граѓани ХАЕ Македонијаодржа Хуманитарен концерт на Школка во парк. На концертот волонтерски настапија хор Св. Злата Мегленска, Наталија Славева, Ангелина Стојановска, , Игор Узунов, Ања Ветерова, Балетско студио ЕУРЕКА, Сара Маркоска, Игор Митровиќ, Наде Талевска, Бојана Антанасовска, Александар Белов, Културно уметнички работници, Тотално опуштање и dj Андреј Анчевски.
Во пријатна, опуштена и топла атмосфера на убав и забавен начин се слушна гласот на пациентите заболени од ХАЕ, и се упати апел да се направи чекор понапред во обезбедување терапија за болеста и во Македонија.
Студентите од Медицинскиот факултет, членови на ЕМСА и активисти на Младинскиот образовен форум имаа штандови на кои се поделија информации за Хередитарниот ангиоедем, ХАЕ.
Објави на медиуми:
Останатите слики може да ги прегледате тука
Leave a Reply