Сеуште не е пронајден лек за ова заболување, но постојат терапии кои се користат за спречување на манифестациите од ХАЕ, а некои од нив се користат и превентивно кај пациентите со посериозна клиничка слика. Терапиите најчесто се составени од концентрат на Ц1 инхибитор естераза, лекови од крвни деривати кои што делуваат инстантно и во рок од четврт час го стопираат отокот, а со тоа и опасноста од живото-загрозувачка состојба. Лековите од крвни деривати немаат несакани споредни ефекти и истите слободно можат да ги користат сите луѓе без разлика на нивната возраст. Во светски рамки се користи терапија базирана на антагонисти на бредикинин. За пациентите во Македонија се достапни 2 терапии и тоа плазма деривиран Ц1 инхибитор и рекомбинантен Ц1 инхибитор.
Во превентивен третманможе да се користаттаблети засновани на транексемична киселина, а кај потешки форми на болеста, пред хируршки интервенции и сл. и лековите засновани на Ц1 инхибитор се даваат во превентивна форма.
Посебно е битно да се истакне дека овие пациенти доколку ја имаат потребната терапија се сосема корисен дел од општеството, од заболени и непродуктивни, со многу отсуства од работните места или отсуства од училиште кај децата, со терапија (1) би се зголемила продуктивноста на работните места, а со тоа се овозможува навремено плаќање на обврските за здравствено осигурување и персонален данок, и (2) се намалуваат трошоците за долготраен и непотребен престој во болница, како и големите трошоци и оптоварување на буџетот поврзани со непотребни медицински интервенции, до кои немало да дојде ако на пациентите им бил достапен лекот. На тој начин проблемот би се решил на почеток наместо на крај.
Leave a Reply