May 15

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 10 ГОДИШНИНА ОД ДЕНОТ НА ХЕРЕДИТАРНИОТ АНГИОЕДЕМ (ХАЕ) 2021

Почнувајќи од 2012 година, на 16 мај на иницијатива на меѓународната организација ХАЕи, а поддржано од Американскиот сенат, низ целиот свет се прославува Денот на хередитарниот ангиоедем (ХАЕ). Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне јавната свест за ова ретко генетско заболување за да се обезбеди навремена и точна дијагноза и подобра терапија, а со цел на ХАЕ пациентите да им се овозможат подобри услови за живот, образование и работа.

Здружението ХАЕ Македонија секоја година на прикладен начин го одбележува овој ден. Оваа година се одбележува значаен јубилеј, 10 години од почеток на одбележувањето на Денот на ХАЕ и затоа одлучивме во соработка со студио ЕУРЕКА да се сними видео материјал во кој на креативен и уникатен начин се доловува животниот пат на пациентите со хередитарен ангиоедем кои сакаат да порачаат до јавноста преку текст, музика и танц: ОТЕКУВАМ, НО НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ, ТУКА СУМ И ПОСТОЈАМ!. Видеото е во продукција на ЕУРЕКА студио, во сценарио, режија и кореографија на Јана Андрејевиќ Лазарова која својата инспирација ја црпеше од текстот подготвен од Виолета Христовска, а го реализираше со прекрасните танчери од студио ЕУРЕКА. Текстот го читаше Кристина Мукаетова. Еурека континуирано дава поддршка на здружението ХАЕ Македонија и е дел од многу хуманитарни настани. Со задоволство го прифатија овој предизвик и создадоа ново оригинално дело што се надеваме дека ќе допре до очите на пошироката јавност и ќе помогне во подигнување на свеста за ова ретко генетско заболување

Видеото е достапно за гледање и преземање на јутјуб каналот на здружението на следниот линк: