На 5ти април 2013 година на Медицинскиот факултет во Скопје беше одржан Прв македонски симпозиум за Хередитарен ангиоедем (ХАЕ) со цел да се информира стручната јавност (доктори, медицински лица, сестри, студенти и специјализанти) за ова ретко заболување, но и семејствата и пошироката јавност за самото заболување, можните терапии и секојдневниот живот на пациентите. Водечки истражувачи и доктори за ХАЕ, како што е проф. Марко Чикарди од Италија и проф. Хенриета Фаркаш, проф. Лилијан Варга од Унгарија имаа свои презентации пред аудиториумот. Домакин на овој симпозиум беше проф. Д-р Весна Гривчева Пановска, раководителка на одделението за алергологија и клиничка имунологија при Универзитетската клиника за дерматовенерологија од Скопје. Здружението ХАЕ Македонија беше ко-организатор на симпозиумот и одговорно за информирање и застапување пред медиумите.
Објава во медиуми:
Leave a Reply